Вести Свет

Додека светот остана згрозен од нападот врз Ружди, во Иран веста беше дочекана со радост

Британскиот писател Салман Ружди, кој синоќа беше избоден од напаѓач за време на предавање во американската сојузна држава Њујорк, е на респиратор, има повреди на црниот дроб, лигаментите на едната рака му се пресечени и најверојатно ќе го загуби едното око, објави неговиот агент Ендрју Вајли. Ружди, по објавувањето на романот „Сатански стихови“ во 1988 година, со децении живееше под полициска заштита, откако иранскиот врховен верски лидер повика на негово убиство нудејќи награда од 3 милиони долари.  Додека светот остана згрозен од нападот врз Ружди, во Иран веста беше дочекана со радост.

Ја слушнав веста на телевизија и многу ми е драго, поради навредата што ја направи Салман Ружди против нашиот пророк, и фатвата која имамот ја објави против него е конечно исполнета. Треба да знаат дека порано или подоцна, правдата секогаш победува. Со божја вољја ќе плати за тоа што го направи, изјави еден жител на Техеран.

Повеќе од 30 години Ружди постојано добиваше закани по животот, а поради романот кој дел од муслиманската заедница го смета за еретички, во 1991 година беше убиен јапонскиот преведувач, неколку месеци потоа беше нападнат и преведувачот на италијански јазик, додека норвешкиот издавач Вилијам Нигард беше застрелан.

Беше добро чувство да се види нападот врз писателот на „Сатанските стихови“. Имамот, додека беше жив, издаде декрет за неговата смрт, нарекувајќи го неверник и ги повика сите да ја извршат оваа задача. Ова е добро и покажува дека тие што ги навредуваат светите работи на муслиманите, покрај казна во задгробниот живот, ќе бидат казнети и на овој свет од раката на народот, и како што рекол Бог во Куранот, има само привремено олеснување пред да ги стигне казната и уништувањето, изјави Мохамад Махди Могавар, жител на Техеран.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе