Судот во Москва и одреди домашен притвор на телевизиската новинарка Марина Овсијаникова под обвинение за ширење на лажни информации за руските вооружени сили. Ваквата одлука дојде експресно по само еден ден откако таа беше приведена во нејзиниот дом. Доколку биде осудена и се заканува казна затвор од 10 години.
Седниците се затворени за сите вакви случаи. Мислам дека тоа е направено за луѓето да не ги шират своите ставови затоа што гледате, кога некого затворате долги години или дури го приведувате, во ситуација кога едно лице очигледно не направило ништо лошо – но всушност направило нешто општествено корисно, достоинствено, од нив правиш маченик. И така, колку помалку луѓе го слушаат и гледаат – толку подобро за владата. Затоа ги прават тие седници затворени, вели нејзиниот адвокат Дмитриј Захватов.
Овсијаникова, која во март одржа антивоен протест вклучувајќи се во живо, вчера на Телеграм напиша дека обвинението поднесено на 10 август произлегува од нејзиниот протест на почетокот на јули, на кој таа држеше транспарент со натпис „ Путин е убиец, неговите војници се фашисти“ и покажа фотографии од деца убиени во Украина. Во овој случај судот во Москва ја казни парично.
Марина стана заложник на сопствената совест и заложник на љубовта кон децата, гледате. Таа не може да биде во странство бидејќи нејзините деца се тука, а не може да молчи овде затоа што е затвореник на нејзината совест. Како мајка не може да молчи. Таа гледа што се случува и тоа ја тера да проговори, додава адвокатот.
Новинарката и стана позната на јавноста откако на 14 март влета во програма во живо со транспарент „Стоп на војната“ во телевизијата каде што работеше како продуцент, медиум финансиран од државата, по што си поднесе оставка и неколку месеци живееше надвор од земјата. За ваквиот чекор доби меѓународно признание но го натера Путин да донесе нов закон кој предвидува долги затворски. Законот предвидува казни до 10 години затвор за лица осудени за прекршок, додека казната за „намерна дистрибуција на лажни информации“ за руската армија што довеле до „сериозни последици“ е 15 години затвор.
