Вооружено лице држи во заложништво вработени и клиенти во банка во Бејрут. Бара да ги ослободат неговите замрзнати средства од неговата блокирана сметка за да плати операција за неговиот татко.
Во преговори со полициските сили кои ја опколија зградата се заканува дека доколку не се исполни неговото барање ќе подмете пожар во објектот и ќе ги убие сите во филијалата.
Десетици луѓе се собрани пред банката, како поддршка на неговите барања да му бидат вратени парите.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
