Вести Свет

Во Грција потврдени вкупно 48 случаи на мајмунски сипаници

Во Грција, заклучно со денеска, потврдени се вкупно 48 случаи на мајмунски сипаници, девет повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописичката на МИА од Атина.

Сите потврдени случаи се мажи  на возраст од 19 до 59 години, а 33 отсто, односно 16 од заразените пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

Додаваат дека во Европа, до 9 август 2022 година, се регистрирани 17.897 случаи на мајмунски сипаници во 41 земја.

Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе