Вести Свет

Вучиќ: Под превез на борба против криминалот, Приштина се подготвува да ликвидира Срби на северот на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска предупреди дека приштинските власти „под превезот на борба против криминалот“ подготвуваат ликвидација на Срби на северот на Косово, пренесе Бета.

Вучиќ ги отфрли тврдењата на Приштина дека неодамна биле пукано кон припадниците на косовската полиција на територијата на централна Србија и додаде дека Србија „нема да дозволи никому, па ни НАТО“ да пука врз припадниците на српската армија и полиција на административна линија.

Оние кои зборуваат за неутрализирање на наводните криминални структури на северот на Косово, ги предупредувам да не се ни обидуваат да направат нешто такво, изјави Вучиќ.

Коментирајќи ја претстојната средба со Албин Курти на 18 август во Брисел, Вучиќ рече дека на средбата оди „со добра волја“, но дека е „многу скептичен“ дека е можно за да се постигнат „какви било резултати“.

Тие не сакаат никаков компромис. Се што досега рекоа е дека ќе ја наметнат својата волја. За нив е важно Квинтата да ги поддржи и не ги интересира што ќе кажат Србите, а уште помалку што ќе каже Белград, изјави Вучиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе