Вести Свет

Почина актерката Оливија Њутн-Џон

По долго боледување од канцер, актерката Оливија Њутн-Џон почина на 73-годишна возраст, јавуваат американските медиуми.

– Таа почина во сон на нејзиниот ранч во Јужна Калифорнија во понеделникот наутро, опкружена со семејството и пријателите, изјави нејзиниот сопруг, Џон Истерлинг.

Оливија се бореше со ракот на дојката повеќе од 30 години.

Таа постигна голем успех во 1971 година со песни како „If Not for You“ и во 1973. „Let Me Be There“.  Таа продолжи да бележи успеси и со хитовите како „Have You Never Been Mellow“. Голем успех ѝ беше и филмот „Grease“ во 1978 година, кога глумеше заедно со актерот Џон Траволта.

Во тажната објава за нејзината смрт, семејството побара наместо цвеќе, парите да се донираат за нејзината организација за борба против ракот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе