Вести Свет

Почна гласањето на претседателските избори во Кенија

Во Кенија денеска се одржуваат претседателски избори, на кои граѓаните ќе избираат меѓу долгогодишниот опозициски лидер поддржан од претседателот во заминување и потпретседателот на државата кој се смета за аутсајдер.

Аналитичарите очекуваат резултатите да бидат оспорувани, така што за првпат во земјата која е економски центар во источниот дел на Африка би можело да има втор круг од претседателските избори.

Главни кандидати на изборите се Раила Одинга кој 25 години се кандидираше за претседателската функција и потпретседателот Вилијам Руто, кој се обидува да го сврти вниманието на милионите Кенијци со кои долго време управуваа политички династии.

Право на глас во Кенија имаат повеќе од 22 милиони лица, на изборите за кои се смета дека пресудни ќе бидат економските прашања пред етничките што доминираа и ги одбележаа претходните изборни циклуси.

Претседателот во заминување Ухуру Кенијата, син на првиот претседател на Кенија, ги надмина вообичаените етнички линии поддржувајќи го својот долгогодишен ривал Одинга по нивната жестока изборна трка во 2017 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе