Фудбалерите на Шкупи утре од 21 часот во Скопје го пречекуваат Шамрок Роверс кој по првиот меч има предност од два гола. Првакот на Македонија има можност да обезбеди пласман во разигрувањето за влез во Лига Европа.
“Играме во Скопје сега пред наша публика, се прашуваме самите. Сигурен сум дека ако играме како што игравме во вториот дел таму, сигурен сум дека ќе се пласираме. Ја повикувам публиката да дојде да ни даде поддршка, а јас ветувам дека ќе го дадеме максимумот, ќе го остават срцето на терен, затоа што сите знаеме колку е важен овој натпревар”, изјави капитенот на Чаирчани, Кристијан Наумовски.
ФОТО: Игор Паневски
