Вести Свет Топ вести

Продолжуваат кинеските воени вежби околу Тајван

Кинеските вооружени сили соопштија дека продолжуваат со поморските и воздушните воени вежби околу Тајван.

Командата на Источната зона на Кинеската Народноослободителна армија преку социјалната мрежа Веибо објави дека денеска ќе се увежбуваат противподморнички напади и офанзивни дејства на отворено море.

Пекинг втор ден последователно ги продолжува вежбите околу Тајван. Тие почнаа во четвртокот, а требаше да завршат вчера попладнето, но се продолжени.

Кинеската армија воените маневри ги почна со лансирања ракети како демонстрација на сила по посетата на петседателката на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Ненси Пелоси на Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија.

Инаку, кинеското Министерство за одбрана денеска се изјасни по однос одлуката на Пекинг да ги прекине воените преговори со САД, донесена во знак на протест поради посетата на Пелоси на Тајван.

„Сегашната тензична ситуација во Тајванскиот теснец е целосно предизвикана и создадена самоиницијативно од американската страна, која заради направеното мора да сноси целосна одговорност и сериозни последици. Суштината не може да се негира, а комуникацијата бара искреност“, рече портпаролот на Министерството за одбрана Ву Чиан во објава преку Интернет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе