Уште една автобуска несреќа го потресе регионот. Во Бугарија, во директен судир на автобус и автомобил загинаа 4 лица.
Автобусот бил со романски регистарски ознаки, а се судрил со автомобил со холандски регистарски ознаки на патот Велико Трново – Русе , јавуваат бугарските медиуми.
Според информациите, автобусот бил управуван од турски државјанин, а откако директно удрил во автомобилот, удрил и во дрво.
Во несреќата има и осум повредени патници.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.