Вести Свет

Лавров: Москва е подготвена да разговара за размена на затвореници со Вашингтон

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е подготвена да разговара за размена на затвореници со Вашингтон преку постоечки дипломатски канали.

Подготвени сме да разговараме на таа тема, но, во рамки на канали што ги договорија претседателите Владимир Путин и Џо Бајден, тврди Лавров за Тасс.

Суд во Русија вчера ја осуди американската кошаркарка Бритни Грајнер на девет години затвор поради шверц на дрога.

Британски медиуми наведуваат дека таа пресуда може да отвори пат кон размена на Грајнер за рускиот трговец со оружје Виктор Бут.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе