Ракомет Спорт

Ракометарките без пораз во следниот круг од СП во Скопје

Македонската женска ракометна репрезентација со триумф го заврши првиот дел од настапот на Светското младинско првенство што се одржува во Скопје.

Селекцијата на Македонија во последното коло забележа убедлива победа од 31:19 во дуелот против Иран во главната рунда пренесува два бода.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски добро го отворија натпреварот и поведоа со 3:0. Иранките во продолжението направија серија за предност од 4:3 и тоа беше единственото водство на нашиот противник во текот на сите 60 минути.

До крајот на првото полувреме нашите ракометарки имаат постојана предност која не беше изразена со повеќе од три гола, а на одмор се замина со водство од 11:9 за Македонија.

Македонските ракометни надежи одлично го отворија и второто полувреме и со серија од 4:1 поведоа со 15:9 и од тој момент нашиот состав имаше целосна контрола врз играта и резултатот.

Во продолжение нашите ракометарки стигнаа и до двоцифрено водство (23:13), а до крајот на дуелот постојано ја одржувавме разликата за конечен триумф од 31:19.

Најефикасна во македонската репрезентација беше Теодора Дукоска која постигна шест гола, Емилијана Ризоска беше стрелец на пет погодоци, а по четири пати прецизни беа Ива Младеновска и Марија Јанкуловска.

За разлика од претходните два меча во групата, голманките вечерва беа на висина на задачата и Матеа Чурлиновска имаше 13 интервенции додека Дона Маркоска и Марија Јовановска по една.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе