Ракомет Спорт

Победа над Узбекистан за пласман во главната рунда од СП

Македонската репрезентација ја забележа втората победа на Светското младинско првенство што се одржува во Скопје. По триумфот на Узбекистан со 39:30 нашата селекција на едно коло пред крајот обезбеди пласман во следната фаза од Мундијалот.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски лошо го отворија мечот. Очајната игра во одбраната и слабата реализација во нападот придонесоа репрезентацијата на Узбекистан да поведе со 8:2, а предноста ја одржуваа се до 29-тата минута кога со погодокот на Марија Јанкуловска стигнавме до првото водство од 19:18, а на одмор заминавме со предност од 20:19.

Во продолжението од натпреварот нашата селекција играше далеку подобро. Со серија од 5:1 поведовме со 25:20 и како одминуваше времето предноста ја зголемувавме и во еден момент стигнавме до двоцифрено водство за на крајот да забележиме победа од 39:30.

Најефикасна во македонската репрезентација беше Бојана Коцева со девет гола и таа беше клучниот играч за пресвртот и кршењето на отпорот на противникот.

Емилијана Ризоска постигна осум, а Марија Јанкуловска шест погодоци.

Поради лошата игра во дефанзивата нашите голманки Матеа Чурлиновска и Марија Јовановска комбинирано забележаа само девет интервенции.

Во последното коло во вторник во директен дуел за првото место во групата ќе се соочиме со Иран, а мечот што ќе се одигра во А1 арената Борис Трајковски почнува во 20 часот и 30 минути, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе