Вести Македонија Најважни

Бугарскиот став за јазикот останува непроменет – Османи објави победа во битката тој став да не биде и европски

Софија и натаму не го признава македонскиот јазик. На официјални настани има новинари и функционери кои го нарекуваат таканаречен.

Водител на брифинг: Повелете, Александар Марков, Бугарска национална телевизија.

Марков, новинар во БНТ: Здраво. Благодарам. Може кој ќе реши да одговори. Прави ли Бугарија некаква отстапка по однос на таканаречениот македонски јазик?

„Бугарија направи отстапки по однос на позицијата за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно е во согласност со решението на Народното Собрание. Како што знаете во билатералните односи Бугарија не го признава таквиот официјален јазик. Тоа, пак е поспецифично во контекст на останатите 26 земји членки на ЕУ кои имаат сопствена позиција и на никаков начин не можеме да ги задолжиме да ја користат нашата позиција“ одговори Теодора Генчовска, министер за надворешни работи на Бугарија на брифингот после потпишаниот протокол.

Од тамошното МНР тврдат дека нивната унилатерална позиција ќе биде доставена и во комитетот Корепер.

„Важно е дека ниту еден документ кој ќе биде дел од пристапувањето на РС Македонија во Европската Унија не може да се сфати како признавање на Бугарија за такнаречениот македонски јазик. Ова е јасно опишано во едностраната декларација која Бугарија ќе ја претстави за време на КОРЕПЕР во понеделник“ рече Велислава Петрова, заменик министер за надворешни работи на Бугарија.

На прашањето за овој бугарски навредлив речник за македонскиот  јазик, Османи не даде директен одговор. Посочи само дека целта е  бугарскиот  став за јазикот,  да не се пренесе на ниво на ЕУ.

Османи посочи и дека договорот со Фронтекс ќе биде потпишан на македонски. Рече дека  не било точно дека македонскиот јазик не бил оспоруван во ЕУ. Освен што јазикот го немало во Унијата, не било можно да се потпише договор со ЕУ на македонски.

А сега вели Османи ќе биде и потпишан првиот договор на земјава со Фронтекс и тоа на македонски.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измама со брзи кредити – две кумановки подигнале над 150.000 евра на име на нивни сограѓани

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе