Вести Свет

Украина, Русија и Турција во Истанбул ќе договараат безбеден транспорт на житото преку украинските пристаништа

Шефот на Украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, изјави дека преговорите меѓу официјален Киев и Москва за извозот на житото од неговата земја се во финалната фаза и сега се зависи од Русија и нејзината подготвеност да ги даде потребните безбедносни гаранции.

Делегации од Украина, Русија и Турција разговараат денеска во Истанбул со претставници на Обединетите нации со цел да договорат безбеден транспорт на житото од Украинските пристаништа на Црното Море до меѓународните пазари.

  • Безбедноста означува три работи. Прво, сопственикот на бродот кој го превезува житото од Украинските пристаништа да биде 100% сигурен дека ниту еден руски проектил или мина нема да го испрати неговиот брод на дното од морето. Вториот елемент на безбедност е дека сопственикот на житото ќе биде 100% сигурен дека неговата пратка, која му припаѓа нему, ќе биде натоварена на бродот, презвезена преку Црното Море и ништо нема да се случи. Никој нема да го укради по пат, бродот нема да потоне заради Руски проектил или мина. Безбедноста за нас значи дека Руската морнарица нема да може да ги нападне нашите пристаништа од море во текот на работата на овие отворени коридори, затоа што не знаеме, ние не можеме да им веруваме на Русите, првиот шеф на дипломатијата на Украина, Дмитро Кулеба.

Заради војната, околу 22 милиони тони жито засега не можат да ја напуштат Украина, тврди претседателот на оваа држава, Володимир Зеленски.

Според Украинците, желбата на Русите да избегнат дел од санкциите се заканува да предизвика глад кај милиони луѓе ширум светот кои се прехрануваат со житото од Украина.

Според организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации, војната ги загрозува пратките со храна за голем број земји во развој и речиси 181 милион луѓе кои живеат во нив, на кои им се заканува глад.

Разговорите во Истанбул се случуваат во период на рекордно високи цени на храната на глобалните пазари. Житото е речиси 20 % од вкупниот извоз на Украина а најголем дел се одвиваше преку пристаништата на Црното Море кои сега се или освоени од руските сили или под нивна опсада.

Од своја страна, Русија повеќе пати повторуваше дека е подготвена да помогне за извозот на житото од Украина, инсистирајќи дека оваа држава најпрвин мора да ги деминира приодите кон своите пристаништа. Украинците одбиваа тоа да го направат, стравувајќи дека Русија ќе ја искористи таа можност за да ги нападне пристаништата кои се уште не ги контролира, како градот Одеса.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе