Францускиот институт статистички и економски студии (ИНСЕЕ), објави дека Инфлацијата дополнително се забрза до 5,8 отсто во текот на една година во јуни, што доведува до автоматско зголемување на минималната плата за 2,01 отсто.
Нето минималната саатница ќе се зголеми од 8,58 евра на 8,76 евра, а за полно работно време нето-месечната минимална плата од 1302,64 евра ќе се зголеми на 1329,06 евра, соопшти Министерството за труд.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
