Вести Свет

Скопје не е најевтин град за живеење

Врз основа на испитувања на средногодишниот индекс на Numbeo, Тирана и Белград се најскапи престолнини во регионот.

-Белград има индекс од 38,8 проценти а Тирана 38,37, најевтина во регионот е Приштина, со индекс од 26,3 отсто од трошоците за живот во Њујорк, а потоа следат Скопје, Подгорица и Сараево.

Индексот на трошоците на животот е релативен показател за цените на стоките за широка потрошувачка, вклучувајќи намирници, ресторани, превоз и комунални услуги.

Numbeo го измерил и индексот на кирии, што е процена на цените на становите за изнајмување во градот во споредба со Њујорк, каде повторно Белград и Тирана имаат највисок индекс.

Во индексот на ресторани, кој повторно е споредба на цените на оброците и пијалаците во рестораните и баровите, најевтина е Приштина, додека најскап е Белград, а по него е Тирана.

Купувањето во супермаркетите е поскапо во Тирана и Подгорица, а потоа во Сараево. Поевтино е во Приштина и Подгорица. Најскапите градови во светот се наоѓаат во Швајцарија, како Базел. Најниски трошоци за живот имаат градовите во Индија, Пакистан, Шри Ланка и Колумбија.

-Глобалниот бран на поскапувања ги зголеми трошоците за живот насекаде во светот. Оваа инфлација, која во најголем дел не е придружена со зголемување на приходите, се очекува да ја зголеми сиромаштијата насекаде во светот, констатира телевизијата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе