Вести Свет

Бугарија од понеделник ги враќа заштитните маски против Ковид-19

Од понеделник Бугарија го враќа носењето заштитни маски против Ковид-19, изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев

Според Кунчев, Бугарија се соочува со нов бран на Ковид-19 и варијанта на вирус кој се шири многукратно побрзо, работите се менуваат толку брзо и толку неочекувано што мора да бидеме подготвени за секоја ситуација.

Тој ќе предложи нов пандемичен план за здравствените власти да преземат безбедносни мерки. Меѓу нив се носењето маски, ограничувањето на собири и собирање на многу луѓе на едно место. Од понеделник  со новите мерки кои се очекува да стапат во сила од понеделник.

Тој беше дециден дека никој нема да ја пропадне туристичката сезона или економијата во оваа комплицирана ситуација, но сепак, кога ќе се носат одлуки, вклучително и од Националниот фонд за здравствено осигурување на Бугарија, мора да размислуваме за здравјето на луѓето, потоа – за заштеда на пари, категоричен беше Кунчев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе