Готабаја Раџапакса ја напушти земјата по неколку неделните протести што кулминираа со упадот на демонстрантите во неговата резиденција.Тој со авион на военото воздухопловство избега за Малдиви, откако претходно најви дека ќе поднесе оставка на функцијата.
Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинге е назначен за вршител на должноста претседател на државата, објави денеска спикерот на Парламентот, Махинда Јапа Абејвардана.
Абејвардена во изјава емитувана на телевизија рече дека претседателот Готабаја Раџапакса, кој ја напушти земјата го овластил Викремесинге да постапува во негово име.
