Вести Свет

Трамп планирал државни преврати во странски земји

Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон за Си-Ен-Ен изјави дека тој лично бил вклучен во „планирање државни преврати“ во странски земји.

Тој не прецизираше за кои државни преврати учествувал во планирањето.

Болтон, исто така, тврдеше дека нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година не бил обид за државен удар во САД. Според него, Трамп цело време „скокал од една на друга идеја“. Познат по своите воинствени ставови за дипломатијата, Болтон беше советник на Трамп во 2018 година пред да биде отпуштен.

Болтон ја даде оваа изјава во време кога комисијата на американскиот Конгрес се обидува да ја утврди улогата на Трамп во нападот на Капитол, што се случи на 6 јануари 2021 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе