Вести Свет

Од 1 Август Германија престанува да купува руски јаглен, а од 31 Декември нафта од Русија

Германија од 1 август целосно престанува да купува руски јаглен, додека нафта од Русија од 31 декември, што е голема промена во начинот на енергетското снабдување, изјави заменик-министерот за финансии Јоерг Кукиес на прес-конференција во Сиднеј.

„За неколку недели нема повеќе да имаме руски јаглен. Клучниот предизвик што претстои ќе биде пополнување на огромната празнина што ќе остане кога Европската унија ќе се откаже од 158-те милијарди кубни метри гас што годишно ги испорачува Русија“, рече Кукиес во обраќањето пред учесниците на енергетскиот форум во Сиднеј организиран од австралиската Влада и Меѓународната агенција за енергија.

Тој потесети дека претходно Германија до 40 проценти од своите потреби за нафта и јаглен ги надоместувала токму од Русија.

Тој посочи дека Германија забрзано развива терминали за увоз на течен природен гас (ЛНГ) за да помогне во пополнувањето на празнината во снабдувањето со гас, но иако САД и Катар заедно би можеле да испорачаат околу 30 милијарди кубни метри гас во форма на ЛНГ за Европа, тоа не е сепак доволно.

„Иако Германија е фокусирана на транзиција кон нето нула емисии и неодамна усвоена легислатива за забрзување на развојот на проекти за обновлива енергија, гасот ќе биде клучен за тој исчекор“, рече Кукиес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе