Вести Свет

Албанското население се намалува

Албанија бележи голем пад на населението во изминатите 30 години. Бугарија, Романија, Хрватска и Албанија се четирите земји кои бележат најголемо намалување на населението во проценти во однос на почетокот на 90-тите години.

Во извештајот на Евростат за движењето на населението во Европа од 1960 годна, од кога ги објавува овие податоци, се наведува дека во 2022 година, населението на Албанија се намалило на 2,79 милиони жители, што е најниско ниво од 1982 година. Во споредба со раните 90-ти, населението се намалило за околу 15 отсто.

Во 1991 година Албанија имала 3,3 милиони жители. Потоа, започна падот на бројот на населението, под влијание, прво, на високата имиграција, а потоа на постепеното стареење на населението, под влијание и на имиграцијата и на бројот на раѓања.

Во 2020-2021 година, врз падот на населението исто така влијаат и последиците од Ковид-19, што значително ја зголеми смртноста во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе