Вести Свет

Турските власти тврдат за убиен речиси 2.000 припадници на ПКК во северен Ирак и во Сирија

Турските сили ликвидирале речиси 2.000 борци од Курдистанската работничка партија (ПКК) од почетокот на годината во операциите во северен Ирак и северна Сирија, изјави турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар.

Од почетокот на годината во Сирија и Ирак се неутрализирани 1.999 терористи. Ќе продолжиме со операциите додека не бидат целосно ликвидирани, посочи Акар.

Тој додаде дека во областите Манбиџ и Тал Рифат (во Сирија) во последно време има зголемена активност на борците од сириските курдски Сили за заштита на народот (ПДФ), кои, според турските власти, се поврзани со ПКК.

Борците на терористичката група ПКК имаат бази во северен Ирак и се активни во северна Сирија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе