Вести Свет

Во Амазонија за шест месеци уништени 3.988 квадратни километри шума

Во првите шест месеци од годината сечата на шума во бразилската амазонска прашума достигна рекордно високо ниво односно уништена е површина петпати поголема од Њујорк, покажуваат податоците на бразилската Влада.

Според бразилската Агенција за вселенски истражувања Инпе, од јануари до јуни оваа година, во Амазон се исечени се дрвја на 3.988 квадратни километри, што е зголемување за 10,6 отсто во споредба со истиот период лани.

Само во јуни уништувањето на шумите се зголемило за 5,5 проценти односно биле уништени дрвја на 1.120 квадратни километри, што е исто така рекорд за тој месец.

Најголема прашума во светот, Амазонија содржи огромни количини на јаглерод, што се ослободува со уништување на дрвјата, загревање на атмосферата и поттикнување климатски промени. Уништување на шумата е поттикнато и од невообичаено големи пожари во Амазонија, а се очекуваат пожари и во следните месеци. Во Бразил во јуни се регистрирани најголем број пожари во изминатите 15 години.

Експертите во Бразил го обвинуваат десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за намалувањето на заштитата на животната средина и охрабрувањето на дрвосечачите, сточарите и шпекулантите кои го чистат јавното земјиште заради профит.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе