Вести Македонија Најважни

За милион евра „си ја откупил куќата“- детали од спогодбата на Мијалков со обвинителството

Три години во затвор, 6,1 милиони евра во готовина и уште 30 милиони во недвижен имот. Сашо Мијалков, поранешниот директор на тајната полиција призна и ќе плати на државата откако се спогоди со обвинителството за борба против корупција и организиран криминал.

Уделот во хотелот „Мериот“ останува во негова сопственост, бидејќи за него и други акции кои ги поседува понудил и ќе уплати 5,1 еден милион евра, а за домот на Водно да го ослободи од залог кон државата на обвинителството и државата ќе им плати еден милион евра. Но, затоа ќе загуби 25 станови и друг недвижен имот кој ќе се слеат на сметка на државата.

„Бидејќи не е можно конфискување на удел од 46% во вредност од 3 546 778 евра во правно лице ДПТУ Дивелоп Груп ДОО Скопје, 19 580 акции во вредност од 732 266 евра издадени од ЗК Пелагонија, 8 150 акции во вредност од 249.933 евра издадени од Бетон Штип АД што ги поседува правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ и недвижен имот – куќа во вредност од 947 682 евра, се конфискува од обвинетиот друг негов имот во вредност од 5 476 653 евра, соопштија од Јавното обвинителство“ – соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителката во предметот „Империја“, Лиле Стефанова, шефицата Вилма Русковска и државниот обвинител Љубомир Јовевски ја прифатиле понудата на Мијалков.

Деновиве, судија за извршување на санкции треба да му даде упатен акт за во затвор. Екс шефот на тајната полиција засега останува со живеалиште во Скопје.

„Обвинитетиот дејствијата ги извршувал во група со други осомничени во предметот, преку правни лица основани во државава на кои им била прикривана сопственоста, но и оф-шор компании во странство. Приходите стекнати со пренос на капиталот, обвинетиот не ги пријавувал во анкетните листови, иако за цел период опфатен со истрагата извршувал јавна функција“ – соопштија од Јавното обвинителство.

Истрагата за финансиски најсложениот предмет „Империја“ се отплеткува, но листата на осомнични кои би седнале на обвинителна клупа се ретчи.

По, признанието на вина на Орце Камчев, и Ненад Јосифовиќ, Мијалков е трет кој нуди пари и го признава делото противправно стекнување и прикривање имот. Обвинителите вината на Мијалков ја лоцирале преку фирмата  „Ексико“ сопственост на сопругата, фирма преку која се прикривал текот на финансиите и неговиот имот.

Истрагата „Империја“ беше отворена во 2018 за кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Бизнисменот Камчев и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков беа првоосомничени, а осомничени се уште 11 други лица, меѓу кои и газдата на „Пелистерка“ Цветан Панделески.

Од почетокот на месецов, на отслужување на едногодишната затворска казна за „Империја“ е Орце Камчев, кој исто така призна вина и се спогоди со Русковска.

Бизнисменот Камчев, од неодамна казната ја отслужува во струшкиот затвор откако извади лична карта со живеалиште во општина Охрид.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвини: ЈСП пропаѓа додека „Маратон“ наплаќа државни пари за реклами во автобусите

Sasko Dimovski

Реформа на пензискиот систем е неопходна, но без избрзани решенија и на штета на граѓаните, советуваат експертите

Sasko Dimovski

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе