Со францускиот предлог сакаат да се направи асимилација и непочитување на македонскиот народ. Но, ние сме тука заедно да кажеме „НЕ“, порача пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски од блокадата на регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Сарамзалино. Забележа дека со францускиот предлог сака да се напрви директно мешање во внатрешните интереси на Македонија, на она што значи идентите, поради што ќе се менуваат учебниците, Уставот но и да се смени историјата.
Според него топката сега сакаат да се префли на Парламентот.
Патот Штип-Велес го блокираа членови, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и граѓани од Источниот и Вардаскиот регион кои се против францускиот предлог.
Еден час беше блокиран патот Штип-Велес, се пропуштаа болнички возила, како и граѓани на кои им беше потребна лекарска помош. Блокадите и протестите ќе продолжат и наредната недела, а какви чекори ќе се преземат наредната недела ќе бидат објавени од страни на организаторите.
Викторија Димитрова Јованова
