Од институтот за јавно здравје на Белгија информираат дека бројот на новозаразени се зголемил за 43 отсто во текот на изминатата недела, бројот на починати од вирусот е зголемен за 45 проценти.
Расте и стапката на позитивност и достигнува над 30 отсто.
Во овој месец зголемен е и бројот на хоспитализирани поради Ковид-19 за 27 отсто, од 1.660 хоспитализирани, 87 се наоѓаат на интензивна нега.
Според податоците јасно се гледа дека расте бројот на заразени и вирусот зема замав.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
