Вести Македонија Најважни

Со различни ставови влегоа на средба, со различни излегоа

Едните тврдат дека преговарачката рамка може да се измени, другите дека не може.

Едните тврдат дека македонскиот јазик е заштитен, другите дека не е. Различни им се дури и впечатоците за текот на средбата, на која и ручаа заедно.

СДСМ тврдат дека била конструктивна средба, ВМРО ДПМНЕ излегоа незадоволни.

Претставиле шест барања за промена на преговарачката рамка, за кои владејачките партии немале слух, поради што и вечерва повикаа на масовни протести.

ВМРО ДПМНЕ бараат во документот наречен Општ став на ЕУ, во точка три, да се избришат едонстраните декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик.

Во точка точка пет од Преговарачката рамка да се избрише последната алинеја која се однесува на Договорот за добрососседство и годишните извештаи за негово спроведување.

Во документот наречен Заеднички став на ЕУ, партијата предлага да се избрише обврската за отворање на Уставот и внесување на Бугарите во него, како услов за првата меѓувладина конференција.

Николоски забележа и дека владата се` уште не го објавува протоколот затоа што е многу лош.Од СДСМ, пак, излегоа со став дека средбата била конструктивна.

Вицепремиерот Маричиќ не сакаше да зборува за протоколот, велејќи дека на него работи МНР, но изјави дека предложиле заклучоци кои треба да бидат изгласани од Собранието и кои ќе и` дадат на владата одврзани раце во понатамошниот процес.

Партиите на Албанците и од оваа средба излегоа со став дека за нив е прифатлив францускиот предлог во ваква форма.

Продолжувањето на средбите е неизвесно, се чека првин за заклучоците од денеска да се разговара во партиите поединечно.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвини: ЈСП пропаѓа додека „Маратон“ наплаќа државни пари за реклами во автобусите

Sasko Dimovski

Реформа на пензискиот систем е неопходна, но без избрзани решенија и на штета на граѓаните, советуваат експертите

Sasko Dimovski

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе