Вести Економија Култура Свет

Фото: Уметничко дело на исушено поле во Венето

Додека северна Италија се бори да ја преживее најголемата суша во последните 70 години, италијански уметник ги искористи пустите полиња за да произведе уметнички дела со еколошки пораки.

Дарио Гамбарин го создаде своето уметничко дело на полиња со сува пченица и пченка во селата на Венето со помош на трактор, плуг и ротирачка харва.

На првото поле, тој издлаби огромна капка вода што загради глобус.

На втората, тој го напиша зборот „вода“ со масивни букви на суво поле со пченка.

Гамбарин ги нарече делата „Зачувај вода“ и „Врисок на пченката“.

„Сликите зборуваат сами за себе“, изјави авторот Гамбарин, кој и порано со својот трактор има креирано уметнички дела на поле, за ширење на еколошки пораки.

Италијанската влада во понеделник порада сушата прогласи вонредна состојба во северниот дел од државата, каде има големи земјоделски региони. За надминување на состојбата издвоени се 36,5 милиони евра како помош.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе