Вести Свет

Шест загинати и 24 ранети во инцидент на прославата на 4 Јули во Чикаго

Шест лица се убиени, а најмалку 26 други ранети кога вооружен маж почна да пука 10 минути по почетокот на парадата по повод Четврти јули во преградието на Чикаго, Хајленд Парк , соопштија властите.

Полицијата на Хајленд Парк, северно предградие на Чикаго, соопшти дека трага по бел млад маж на околу 20 годишна возраст и ги повика луѓето да се останат во своите домови.

Очевидци за американските медиуми изјавиле дека одекнале 20-на истрели само 10 минути по почетокот на парадата.

Помислив дека тоа беше морнарицата која со истрели го поздравува знамето. Но, потоа откако видов дека луѓе бегаат, го кренав син ми и започнав да бегам. Истрчав до една од зградите со продавници и се обидов да го скршам стаклото за да влеземе со син ми внатре, но не можев да го скршам. Кога истрелите престанаа одлучивме дека треба да избегаме. Тој започна да пука пак и ние избегавме позади зградата и го ставив син ми во контејнер, и тој седеше таму со кучето, а јас се вратив да ги побарам останатите од моето семејство. Ги оставив со некој таму, за да се вратам и да го земам телефонот и да ги најдам останатите од семејството, затоа што и тие исто така избегаа. Беше ужасно, изјави еден очевидец за Асошиејтед прес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе