Вести Свет

Киев: Нафтената рафинерија во центарот на руските напади на Лисичанск

Русија користи артилерија за да се обиде да го блокира украинскиот град Лисичанск, последниот дел од источниот регион на Луганската област под контрола на Киев, соопшти украинската војска.

Украинскиот Генералштаб соопшти дека нападите се случуваат околу нафтената рафинерија во градот.

Во меѓувреме, проруските сепаратисти презедоа контрола врз областа околу фабриката, објави нивниот претставник Родион Мирошник на Телеграм.

Сепаратистите соопштија дека силите на Киев се повлекуваат кон северозапад, а руските војници веќе напредувале кон предградието Лисичанск.

Украинскиот Генералштаб наведе дека се борбите се водат западно од градот и дека руските сили се уште се обидуваат да воспостават контрола на клучниот пат меѓу Лисичанск и градот Бахмут.

Има напади и североисточно од Бахмут и како што е наведено „украинските сили успеале да ја запрат руската офанзива на југ, каде што московските сили претрпеа значителни загуби“.

„Борби се водеа и во источниот регион Доњецк, а претходно окупираните позиции во североисточниот град Харков беа одбранети“, соопшти војската.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе