Најмалку 46 луѓе беа пронајдени мртви во напуштен камион во предградието на градот Сан Антонио, во Тексас. Според пожарникарите – спасувачи, најмалку 16 луѓе, вклучувајќи и 4 деца, биле пренесени и во болница. Сан Антонио, градот кој е 250 км оддалечен од американско – мексиканската граница е дел од транзитната рута на трговците со луѓе. Криминалните групи често користат камиони за транспорт на илегалните мигранти, откако претходно ќе ги преземат од непристапни региони по нивниот влез во Соединетите држави. Времето во Сан Антонио е исклучително жешко во текот на летните месеци, при што вчера биле измерени 40 степени целзиусови.
Во камионот немало вентилација и разладување, како ни вода за пиење, а жртвите најверојатно ги загубиле животите заради дехидрација и топлотни удари.
„Ова е трагично. Знаете, сега имаме околу 46 жртви кои веќе не се со нас , кои имале семејства, кои најверојатно се обидувале да најдат подобар живот. Имаме 16 луѓе кои се борат за своите животи во нашата болница. Нашиот фокус сега е да се обидеме да им помогнеме на најдобар можен начин. Но, ова не е ништо помалку од ужасна човечка трагедија“ – вели Рон Ниренберг, градоначалникот на Сан Антонио.
