Вести Свет

Апел на Зеленски до Г7 – помогнете ни да ја завршиме војната до крајот на годината

Украинскиот лидер, Володимир Зеленски, им порача на лидерите на земјите членки на Г7 дека сака руската инвазија на Украина да заврши пред доаѓањето на зимата.

Во видео обраќањето до лидерите, Зеленски оцени дека условите на борбеното поле ќе ги спречи неговите трупи во обидот да ја вратат изгубената територија, апелирајќи до лидерите да дадат се од себе со цел војната во Украина да заврши до крајот на годината.

Според информациите, Украинскиот претседател побарал од членките на Г7 да обезбедат помош за реконструкција на неговата земја, системи на против-воздушна одбрана, помош за извоз на житото и безбедносни гаранции. Тој исто така апелирал за интензивирање на санкциите против Русија.

Очекувањата се дека 7-те лидери ќе понудат повеќе поддршка и дополнителни санкции против Русија.

Остануваме одлучни да и помогнеме на Украина, најави британскиот премиер Борис Џонсон.

„Мислам дека има причина за тоа. Логиката на ситуацијата останува многу јасна. Нема договор кој претседателот Зеленски може да го направи и во тие околности, Г-7 и поддржувачите на Украина од светот мора да продолжат да им помагаат на Украинците да ја обноват својата економија, да го извадат житото, да го извезат житото и секако мора да им помогнеме да се заштитат“ – изјави британскиот премиер, Борис Џонсон.

Но, дури и Џонсон, еден од најгласните поддржувачи на Зеленски, признава дека одбраната на Украинскиот суверенитет има тешки последици за остатокот од светот, особено заради растечките цени на храната и енергијата.

Затоа на самитот беа поканети и лидерите на Јужна Африка, Индонезија, Индија и Сенегал, да бидат разгледани можностите за тоа што може да се направи повеќе да се запре глобалната инфлација. Една идеја која се разгледува е ограничувањето на цената на руската нафта.

На првиот ден од тридневниот самит во германската провинција Баварија, лидерите ја подвлекоа својата заедничка позиција за поддршка на Украина и ги обелоденија плановите за инвестирање стотици милијарди долари во инфраструктурни инвестиции за земјите во развој.

Г7 го сочинуваат седумте најбогати земји во светот – Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и Соединетите американски држави. Тие досега го воведоа најголемиот пакет санкции против Русија, блокирајќи ја државата од меѓународната трговија и глобалниот финансиски систем. Зеленски бара и целосна забрана на увозот на Рускиот гас и нафта.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе