Вести Свет

Рама разочаран од односот на ЕУ кон европската интеграција на регионот 

Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во Брисел, по самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, изрази разочарување од односот на Унијата кон европската интеграција на регионот, наведувајќи дека не е проблем само Бугарија, туку и дека ЕУ е уморна на проширувањето.

На заедничката прес-конференција со лидерите на Србија и Македонија, Рама рече дека Македонија чека 17 години да се отворат преговорите за членство во ЕУ, а Албанија осум години.

Од една заедничка визија и заедница, ЕУ стана инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота. Едната земја наметнува нешто свое, а другите 26 не можат ништо да направат околу тоа. Има многу наводи дека (рускиот претседател Владимир) Путин е болен, но не можам да кажам дека оваа куќа овде изгледа здраво, изјави Рама.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе