Вести Свет Топ вести

Виена повторно е најдобриот град за живеење во светот, според магазинот „Економист“

Виена е рангирана на прво место на листата на најдобри градови погодни за живеење во светот според годишниот индекс на Економист, јави ДПА.

Во 2018 и 2019 година, австриската престолнина ја имаше истата позиција на рангирањето, но минатата година беше проценето дека квалитетот на животот во европските градови значително опадна поради заклучувањата и другите ограничувања поврзани со Ковид-19.

Од почетокот на оваа година, повеќето од ограничувањата во светот се укинати, а големите градови во Нов Зеланд, Австралија и Кина повторно паднаа на ранг-листата. Според извештајот на Економист, „добро вакцинирани градови“ сега доминираат во Европа и во Канада. По Виена следат Копенхаген, Цирих, Калгари, Ванкувер и Женева. Топ десет листата ја надополнуваат Франкфурт, Торонто, Амстердам, Осака и Мелбурн.

Меѓу важните фактори при составувањето на оценката е стабилноста, што објаснува зошто Москва и Санкт Петербург сега се рангирани на 15 и 13, соодветно. Оваа година Киев не е оценет поради руската инвазија на Украина.

На дното на листата се Дамаск, а потоа Лагос, Триполи, Алжир и Карачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево украдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе