Вести Свет

Макрон ја почнува потрагата по потенцијални политички сојузници

Францускиот претседател денеска одржува средби со претставници на останатите политички партии, откако неговата коалиција потфрли на изборите и сега им недостигаат 44 пратеници за да формираат мнозинство. Најпосакуваниот потенцијален сојузник го одби прв. Републиканците и нивниот лидер Кристијан Жакоб, порачаа дека не доаѓа во предвид да ја изневерат довербата на своите гласачи.

Водевме кампања против неговото мнозинство, против неговата влада, одлучни сме да останеме во опозиција, одлучни но одговорни. Никогаш нема да ги блокираме институциите, но не доаѓа во предвид да направиме пакт, коалиција, да учествуваме или нешто слично, изјави Жакоб.

Веројатноста дека некоја од двете останати големи политички сили во францускиот парламент ќе се согласи да го поддржи мнозинството на, како што ги нарекуваат „Макронистите“, е уште помала. Лидерот на левичарската коалиција „Нупес“ Жан Лук Меланшон не сакаше ниту да се сретне со Макрон. Наместо него на средба отидоа лидерот на Социјалистите Оливие Фор и лидерот на комунистите, Фабиен Русел.

Не знам што тој ќе одлучи од тоа што му го кажав. Дојдов да му кажам што застапуваме заедно со моите колеги од Новата народна унија. Сега останува на него да одлучи по кој пат ќе оди. Дали ќе го слушне тоа што францускиот народ му го кажа? порача лидерот на социјалистите Оливие Фор.

Макрон ќе разговара и со Марин Ле Пен, претседателката на ултрадесничарската Национален фронт, кои исто како и останатите партии се подготвени да дадад поддршка само на одредени рефорни.

Теоретски, малцинската влада која повеќе од веројатно е дека ќе ја води државата, може да функционира, но, ќе бидат потребни макотрпни преговори се секоја една од реформите кои ги најави Макрон.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе