Вести Свет

Макрон ја одби оставката на премиерката Елизабет Борн

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли оставката на премиерката Елизабет Борн, соопшти утринава Елисејската палата, два дена по парламентарните избори на кои владејачката коалиција го загуби апсолутното мнозинство.

Макрон ја одбил понудената оставка „за владата да остане посветена на своите задачи и да работи во следните денови“, јави ТВ БФМ.

„Шефот на државата ќе ги спроведе потребните политички консултации. . . за да се најдат конструктивни решенија во служба на Французите“, се наведува во соопштението објавено пред серијата средби на Макрон со лидерите на партиите денеска и утре во Елисејската палата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе