Мал орангутан е роден во зоолошката градина во Виена, која е најстарата зоолошка градина во светот, соопшти прес-службата на зоолошката градина. Мајмунот е долгоочекувано бебе, бидејќи зоолозите се надеваат на нова генерација веќе 20 години.
„За 13-годишната Сари, која дојде од зоолошката градина во Даблин пред две години, ова и е прво дете. Трогателно се грижи за малечкото, кое досега само спие во нејзини раце“, вели зоологот задолжен за семејството.
Се уште не се знае дали новороденчето е машко или женско, тоа ќе биде јасно во наредните денови. Таткото е 48-годишниот Владимир – единствениот маж во групата орангутани. „Владимир и останатите од групата се заинтересирани за малите, но за овие животни само нивните мајки се грижат за децата“, објаснува зоологот.
На орангутаните им се заканува исчезнување поради уништувањето на нивното природно живеалиште на островите Борнео и Суматра. „Последниве години постојано ја модернизираме нивната област за да ја доближиме што е можно поблиску до нивната природна средина. Со доаѓањето на двете женски Сари и Сурија, се формираше прекрасно активна социјална група. Многу сме среќни што нашите напори се крунисаа со појава на нова генерација“, изјави директорот на зоолошката градина Стефан Херинг-Хагенбек.
