Вести Свет Топ вести

Макрон, Шолц и Драги во посета на Киев – силна поддршка за Украина во борбата против руската инвазија

Лидерите на Германија, Франција и Италија, Олаф Шолц, Емануел Макрон и Марио Драги пристигнаа денеска во посета на Украина, откако во текот на ноќта тргнаа заедно со воз од Полска.

Украинските надежи за членство во Европската Унија секако ќе бидат една од темите за разговор, во текот на посетата на тројцата евроспки лидери. Нивната посета се случува еден ден пред Европската Комисија да даде препорака за статусот на Украина како земја кандидат за членство.

Минатиот месец Макрон изјави дека процесот за прием би можел да трае повеќе години или дури децении.

Но денеска, од железничката станица во Киев, Макрон испрати порака за солидарност и поддршка на Украинците веднаш но и во иднината.

„Ние сме тука, фокусирани. Сега сме на пат да се сретнеме со претседателот Зеленски и потоа ќе одиме на локација каде масакрите беа извршени. И потоа ќе имаме разговори со претседателот Зеленски. Ова е значаен миг.

 

Дали имате порака за народот на Украина?

 

Тоа е порака за Европско единство за Украинскиот народ, поддршка сега и во иднина затоа што неделите кои доаѓаат ќе бидат многу тешки“ – изјави Макрон.

 

Лидерите на трите најмоќни европски држави со посетата на Киев испраќаат и силна порака за помош на Украина, политичка, хуманитарна и особено воена, во обид да и помогнат на земјата да се одбрани од руската агресија.

Особено Германија во минатиот период беше цел на критики од Украина, дека се обидува да балансира меѓу поддршката за властите во Киев и желбата да задржи добри односи со Русија.

Шолц досега повеќе пати кажуваше дека нема да го посети Киев само за да се фотографира. Што може да и понуди на Украина? Неговите домаќини повеќе пати кажуваа очекуваат тешко вооружување од Германија, особено тенковите Леопард и Мардер. Германија досега испрати друг вид воена опрема и помош, но во однос на бруто домашниот производ на земјата, тоа е значително помалку во однос со понудата од Балтичките земји и Полска.

Шолц, Макрон и Драги, пред разговорите со Зеленски го посетија и предградието на Киев, Ирпин, каде руските сили беа обвинети дека извршиле дел од најгрозоморните злосторства во текот на воената интервенција.

Никола Илиевски

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе