Германскиот канцелар Олаф Шолц во вторникот изјави дека неговата земја ќе продолжи да ја поддржува Укарина со оружје додека земјата војува со Русија.
Пти посетата на литванскиот главен град Вилнус, тој рече дека „испораките на оружје“ ќе продолжат „се додека е неопходно за да може да се одбие руската агресија“.
Изјавата на Шолц следи откако Германија неодамна беше критикувана дека се двоуми да и обезбеди на Украина тешко вооружување.
На прес-конференцијата Шолц рече дека се во тек напорите меѓу сојузниците на НАТО и ОН да се најдат начини „да се укине руската блокада на морскиот пат и да се овозможи извоз на украинска пченица низ целиот свет без тоа да стане закана за Украина.“
Тој, исто така, вети дека ќе помогне да се спротивстави на каква било можна агресија во Литванија.
„Како сојузници во НАТО, ние сме посветени еден на друг и ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО во случај на напад“, рече Шолц.
