Над 900 украински војници кои се наоѓаа во опколената мариуполска челичарница „Азовстал“ се исратени во затворска колонија на територија под руска контрола, соопштија руските власти.
Нивната судбина и натаму е неизвесна, известуваат западните медиуми иако постојат информации за договор меѓу Киев и Москва за размена на заробениците.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, изјави дека од 959 украински војници, за кои Русија соопшти дека се предале, 51 војник се лекуваат поради повреди, а сите други се испратени во поранешна затворска колонија во градот Оленивка, кој влегува под областа Донецк.
Министерството за одбрана на Украина соопшти дека се надева на „размена за да можат украинските херои да се вратат во својата татковина што е можно поскоро“.
