Вести Свет Топ вести

Ле Дриан предупредува дека војната во Украина може да се оддолжи, и светот мора да се подготви за тоа

Светот мора да биде подготвен дека војната во Украина ќе потрае, предупреди францускиот министер за надворешни работи Жан Ивс ле Дриан, по средбата со украинскиот колега Дмитро Кулеба, за време на самитот на Г7 во Елмау. Ле Дриан смета дека ова ќе предизвика тешки последици за целиот свет, и поради тоа ги повика лидерите на 7-те најразвиени економии да се фокусираат врз производството и дистрибуцијата на храна во глобални рамки.

„Постојат иницијативи кои што ќе бидат преземени, кои се иницијативи за усогласување помеѓу различнит еактери за да се избегнат последиците врз снабдувањето со храна од украинската криза, и кои ќе ни дозволат, не само да ги надминеме тешкотиите, туку и дека руската агресија врз Украина е таа која што навистина ја предизвика светската криза со храна“, изјави Жан Ивс ле Дриан – Министер за надворешни работи на Франција.

Жестоки судири меѓу украинската и руската армија продолжуваат околу Северодоњецк. Според последните информации, украинците уништиле цела оклопна дивизија, која се обидувала да ги опколи преминувајќи ја реката Сиверски Доњец, западно од Северодоњецк. За западните воени експерти, овој високоризичен маневар на Русите, само го покажува очајот на руската команда да оствари побрзи резултати на бојните полиња во Источна Украина.

Зеленски, пак тврди дека Русите веќе претрпеле стратешки пораз во Украина, но немаат храброст да го признаат тоа.

„Тие се кукавици, и се обидуваат да ја прикријат вистината зад ракети, воздушни напади и артилериско бомбардирање. Поради тоа, нашата задача е да се бориме се додека не ги постигнеме нашите цели во оваа војна, да ја ослободиме нашата земја, нашиот народ и да обезбедиме безбедност и сигурност“, рече украинскиот претседател Зеленски.

Покрај на копно, борби се водат и на вода, во Црното море, и особено околу Змискиот остров, кој Русија го освои во првите денови на војната, и според Украинците, сега плаќа висока цена за неговата одбрана. Тврдат дека потопиле уште еден брод, овој пат транспортен, кој носел руски противвоздушни системи на островот. Во борбите во Црното море Русија веќе го изгуби командниот брод Москва, и десантниот брод Саратов.

Игор Трајков 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европската централна банка ги одржува каматните стапки непроменети поради флуктуациите на цените на нафтата

Kristina Kuzmanovski

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе