Украинскиот претседател Володимир Зеленски го пофали Претставничкиот дом на САД за одобрувањето на пакетот помош од 40 милијарди долари за Украина, велејќи дека тоа брзо ќе придонесе за одбраната на Украина.
Пакетот помош мора да го одобри и американскиот Сенат пред да го потпише претседателот Џо Бајден, пишува Би-Би-Си.
Во телевизиско обраќање, Зеленски рече дека средствата ќе обезбедат оружје, муниција и поддршка за „истрагите за воени злосторства, како и поддршка за дипломатските напори“.
Тој, исто така, му се заблагодари на Бајден за потпишувањето на законот со кој се овозможува брзо испраќање на опрема во Украина.
„Едноставно кажано, ова е програма која ќе ни помогне да добиеме се што ни е потребно за одбрана“, рече украинскиот претседател.
