Вести Свет

Андреј Турчак: Русија засекогаш ќе остане во јужна Украина

Русија засекогаш ќе остане во јужна Украина, изјави денеска рускиот парламентарец Андреј Турчак за време на посетата на градот Херсон, што е под контрола на Москва.

Русија е тука засекогаш. Не треба да се сомневаме во тоа. Нема да има враќање во минатото. Ќе живееме заедно, ќе го развиваме овој богат регион, богат со историско наследство, богат со луѓето што живеат овде , рече овој високи функционер на владејачката партија „Единствена Русија“.

Турчак најави и отворање на центар за хуманитарна помош во Херсон, од каде ќе се доставува храна, лекови и основни потреби.

Француските медиуми коментираат дека е ова првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари, висок руски функционер да ги каже намерите на Москва за продолжување на нивното присуство на украинска територија.

Херсон беше првиот голем град што падна под ударите на руските сили од почетокот на нивната воена операција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европската Унија постигна договор за 21-от пакет санкции за Русија

Sasko Dimovski

Парични казни за 12 лица, сите полнолетни – полицијата почна со санкции за тротинетџии

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе