Вести Свет

Французите гласаат кој ќе влезе во Елисејската палата и ќе ги води во наредните 5 години

49 милиони французи со право на глас денеска одлучуваат за тоа кој ќе влезе во Eлисејската палата и ќе ги води во наредните пет години. Избираат меѓу актуелниот претседател и лидер на Република во движење Емануел Макрон и кандидатката на десницата Марин Ле Пен.

Ова е трет обид на Ле Пен за влез во Елисејската палата, а нејзин пораз ќе значи и смена на раководството на нејзината партија Национален собир. Макрон оцени дека изборите претставуваат референдум за Европа, имајќи предвид дека двајцата кандидати предлагаат две многу различни иднини за земјата. Првите проекции се очекуваат околу 20 часот, но ако има тесна трка ќе се чека конечниот резултат.

До пладне излезноста е 27 отсто, што е за два поени помалку во однос на претходните избори во вториот круг во 2017-та.

Според последните одбјавени анкети, се очекува макрон да победи со 57 отсто гласови во однос на Ле Пен, која би можела да добие околу десетина процентни поени помалку. Сепак, можно е разликата да биде и потесна, со оглед на тоа што ќе одлучуваат гласачите кои во првиот круг гласаа за левицата, а овојпат не сакаат да гласаат ниту за Макрон, ниту за Ле Пен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе