Вести Свет

Бајден најави уште еден пакет воена помош за Украина: „Не знам дали ќе одам во Киев“

Администрацијата на Бајден планира да објави уште 800 милиони долари воена помош за Украина, јавуваат американските медиуми. Запрашан дали ќе испрати повеќе артилерија во Украина, американскиот претседател Бајден одговори: „Да“.

Белата куќа минатата недела објави дека ќе испрати пакет од 800 милиони долари во Украина, кој вклучува 40.000 артилериски куршуми и 18 хаубици (155 мм).

Бајден беше прашан и од новинарите дали ќе отпатува за Киев.

„Одговорот е, не знам“, им рече Бајден на новинарите.

„Многу пати сум бил во Украина, само неодамна не сум бил таму“, додаде тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Блупринт групата бара темелна истрага за загадувањето на водата

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски: Од опозицијата зависи дали ќе има нови обиди за носење на Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе