Вести Македонија

Штетите на системот за наводнување – проблем пред почетокот на сеидбата на оризот

Кочанските оризопроизводители и годинава се плашат дека сеидбата ќе почне со задоцнување.

Каналетките над селото Облешево по кои тече вода од системот за наводнување, граден уште во времето на Југославија  се испокршени, па и оваа година ќе има загуба на водата, а некој може и да ја злопуотреби.

Во Кочанско деновиве по нивите е раздвижено.

Браните Калиманци и Гратче се полни, водата за сеидбата на оризот ќе се пушти на 24 април.

Од водостопанство Брегалница велат дека каналите се чистат, а во Виничко и дел од искршените каналетки се заменети. Дополнителен проблем е што по чистењето, каналите повторно се затрупуваат со ѓубре.

Во овој регион ќе се наводнуваат околу 5.000 хектари, од 4.000 под ориз.

Но, земјоделците велат дека годинава скапо ќе ги чини производството на храна.

Трошоците само за сеидбата на кочанскиот ориз им се зголемени речиси двојно.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе