Вести Македонија

Србија наредната недела ќе ја тргне забраната за извоз на масло за јадење

Соседна Србија наредната недела се очекува да ја тргне забраната за извоз на сурово масло за јадење за македонските компании.

Смирувачки тонови доаѓаат по разговорот меѓу македонскиот министер за земјоделство и потпретседателот на Владата на Србија.

Завчера се крена рампата само за пченицата и пченката, па македонските компании кои произведуваат зејтин мораа да тражат алтернативни пазари за набавка на суровина.

„Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Р.Србија, Бранислав Недимовиќ, од кого беше информиран дека се работи  и на одлуката за укинување на забраната за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење и истата се очекува да се донесе следната недела“, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според најголемиот македонски производител на масло за јадење, штипски Брилијант ова е добра вест, дополнително почнале и преговори со Бугарија и Украина.

Од Бугарија набавиле 600 тони, а од Украина добиле една цистерна за да го пробаат производството. Сметаат дека е високо квалитетно.

Според нив доколку од Србија почне испораката на договорените количини, во тој случај зејтин ќе има во доволни количини наредните месеци.

Тие произведуваат исти количини, како и пред кризата.

„Ние на пазарот испорачуваме константни колични од нашето масло за јадење, но потрошувачката е неколкукратно повисока од вообичаено, па маслото брзо го снемува од рафтовите. Што се однесува до продажната цена, за очекување е таа да порасне. Тоа не зависи од нас туку од покачувањето на цените на суровините. Ако Србија ја тргне забраната, тоа зголемување ќе биде помало, бидејќи во Бугарија цената на суровото масло е повисока.“ вели Коста Ташков, директор на „Брилијант“.

Ресорниот министер најави и дека со субвенции ќе се зголеми домашното производство на сончоглед, а со пари од Интервентниот фонд ќе се субвенцинира ѓубривото.

Во овчеполскиот регион порано сончоглед се одгледуваше на 2.000 хектари, а сега само една третина од овие површини.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе