Меѓу наковалната и чеканот, вака наликува ситуацијата во која се најде Македонија откако вчера премиерот на Албанија, Еди Рама најави дека ќе побара Европската комисија да го раздвои пристапниот пат на Тирана од тој на Скопје, а бугарскиот премиер Кирил Петков утрово соопшти дека нема да потпише договор со Македонија без да добие целосна поддршка и од опозицијата.
„Јас како премиер на ниту еден начин немам право ниту ќе се обидам да правам каков и да е договор. Имаме рамковна позиција, имаме декларација, секое едно решение треба да се случи со целосна обединетост, меѓу другото, не само на коалицијата, туку и со опозицијата. Ние треба како нација заедно да го решиме и сите ние како претставници на народот треба да сме обединети околу тоа решение“, изјави Петков утрово пред пратениците во бугарското Собрание.
За познавачите на европските политики и процеси и двете изјави и на Рама и на Петков не се црно-бели.
Раздвојувањето според, Марко Трошановски од Институт за демократиија, би било многу тешко да се изведе.
Според Трошановски раздвојувањето на двете земји би можело да биде и проблем за Унијата бидејќи на тој начин Македонија би станал уште поголем безбедносен ризик, во контекст на нејзина дестабилизација ако остане надвор од процесот.
За ставот пак на Петков за договор со Македонија само со општ политички консензус Трошановски на став, дека треба да се види што ќе биде ставено на маса пред бугарските пратеници во контекст на земјава.
Трошановски не смета дека шансите за договор со Бугарија се целосно исчезнати, но без повлекување на декларацијата и рамковната позиција од бугарска страна кои се негиторски кон македонскиот идентитет, земјава нема простор за постигнување компромис.
За можноста Европската комисија преку преговарачката рамка да биде гарант за правата на бугарското малцинство во Македонија, како што најави денска Петков, Трошановски на став дека можностите и намерите тоа да биде изведено се надвор од разумот, но и од правните рамки во кои што процсот на проширување се движи.
За да се случи тоа треба Македонија да го смени Уставот и за Трошановски неразбирливо е како може некаква преговарачка рамка да го дефинира или гарантира истото.
За барањето на Рама денеска со реакција излезе и макеоднската влада која е на став дека почетокот на пристапниот процес со двете земји е најдобрата и единствената опција.
Од Владата се на став дека раздвојување може да го намали интересот и притисокот за старт на преговорите за двете земји, при што потсетуваат дека позицијата на Европската комисија за одржување на меѓувладина конференција и со двете земји.
Тамара Грнчароска
