Вести Македонија

Повеќе сакаме на хартија, отколку електронски- ниско ниво на дигитални вештини во Македонија

Извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малеска-Сачмароска истакна дека во 21 век образованието и граѓаните не може да функционираат на ист начин како во минатото, а дека тоа го покажала и кови-дкризата и затворањето дома кога

Таа оцени дека „не успеавме брзо да се приспособиме во процесот на дигитализацијата“. Затоа ЦУП се посветил на дигитализација на најфреквентните услуги за граѓаните, меѓу кои се и тие во образованието.

-Во процесот на дигитализација на дел од услугите се соочивме со многу проблеми – како во делот на законската регулатива, бидејќи се уште сме научени да работиме со хартија, технологијата, интернет-конекцијата, инфраструктурата во самите училишта. Но она што најмногу не погоди во истражување во ковид-кризата со фокус на образованието се дигиталните вештини на нашата нација. Тие се далеку под просекот на ЕУ и на Велика Британија, рече Малеска-Сачмароска.

Според податоците на Еуростат, посочи Малеска, нивото на дигиталните вештини кај сите лица во земјава е околу 32 %, а просекот во Велика Британија е 74 отсто.

Истражувањето покажало и дека младите кај нас имаат значително подобри дигитални вештини од повозрасната популација: 74 отсто од децата меѓу 16 и 19 години се дигитално писмени, користат дигитална технологија и купуваат онлајн и тој број, рече Малеска-Сачмароска, е значително зголемен во последните две години како резултат на пандемијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе